Пакет мерки за спас на еврозоната

Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен денеска во Брисел изјави дека останува убеден дека до наредното лето ќе се усвои економскиот законодавен пакет. Тоа се всушност сет на мерки кои ќе и обезбедат на Европската Унија превентивен буџетски надзор како и ефикасни начини и мерки за решавање на макроекономски дисбаланс и разлики во конкурентноста, објасни Рен.
Еврозоната е потресена од ирската должничка криза. Министрите за финасии на еврозоната синоќа во Брисел се согласија да му помогнат на ирскиот банкарски сектор доколку Даблин го побара тоа од нив.