Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и неговиот азејберџански колега Илхам Алиев се сретнаа денеска во Баку да изразат доверба за развојот на билатералните односи. Тие по средбата потпишаа меморандум за разбирање во енергетскиот и транспортниот сектор. Повеќе детали од нивната средба не се соопштени. Ахмадинеџад е во посета на Азербејџан каде вчера присуствуваше на самитот на лидерите на петте земји на Каспискиот регион - Азербејџан, Иран, Казахстан, Русија и Туркменистан.