Времето денеска- облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од четири до 10, а дневната ќе биде од 11 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 15 степени.