Ромпуј: Ако не опстои еврото нема ни ЕУ да опстои

Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј изјави денеска дека 27 земји членки се борат за опстанок преку обидите да ја надминат должничката криза што ги зафати неколку земји од еврозоната. Тој пред состанокот на министрите за финансии во Брисел изјави дека ако не опстои еврото нема да опстои ни Европската унија. Министрите за финасии од еврозоната на состанокот ќе разговараат како да и стават крај на ирската должничка криза и како да го стопираат нејзиното евантуално ширење во зоната.
Инвеститорите се загрижени дека Ирска нема да излезе сама од должнилчката криза со што ќе се наметне потреба од позајмување кое нема да се однесува само на Ирска , туку и на други земји од еврозоната кои се справуваат со вакви проблеми како Шпанија и Португалија.
Во меѓувреме австрискиот министер за финансии Јозеф Проел изјави дека Грција не ги исполнила своите обврски од договорот со кој ЕУ и овозможи спасувачки пакет од 110 милијарди евра, па затоа Австрија нема да учествува во наредниот чекор со придонес од 198 милиони евра наменети за Атина.