Повеќе од 60 отсто од граѓаните против промена на името заради НАТО и ЕУ

Повеќе од 60 отсто од македонските граѓани на евентуален референдум би се изјасниле против промена на уставното име како услов за членство во НАТО и Европската унија, а 30,7 тоа е прифатливо.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за политички истражувања од Скопје, спроведена врз 1.111 испитаници во периодот од 12 до 15. ноември 2010. година.
Одговарајќи на прашањата во врска со рејтингот на партиите и политичарите, ВМРО-ДПМНЕ води со 32,3 отсто, пред СДСМ со 10,4 отсто. Никола Груевски ужива најголема доверба кај граѓаните со 23,5 отсто, пред Бранко Црвенковски со 9,2 и Али Ахмети со 6,8 отсто.