Во уривањето на една зграда во Њу Делхи загинале најмалку 60 луѓе, додека над 70 биле повредени. Полицијата страхува дека под урнатините би можело да има и други жртви. Причината за уривањето се уште е непозната, но се претпоставува дека темелите на зградата биле ослабени по тешките монсунски дождови.