Наумовски:Службеници на една држава се обидуваат да ни наштетат

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски изјави дека Македонија ќе продолжи во напорите да се дојде до решение за спорот со името. Евроамбасадорот Ерван Фуере порача дека најдобар начин за надминување на спорот со Грција е дијалог. Изчезнувањето на терминот „македонски “ од графата за именување на службениот јазик во базата на податоците на Обединетите Нации, Наумовски го оцени како обид на како што вели службеници од една на друга држава да и нанесат штета.