Пожар во Кина, 8 мртви

Најмалку 8 луѓе загинале и околу 90 се повредени при пожар кој настанал во 30-катница во кинескиот град Шангај, јавуваат новинските агенции. Според сведочењата на очевидците пожарот избувнал на скеле поставено на зградата која се реновирала и набрзо се проширил кон внатрешноста на 30-катницата. Околу 60 противпожарни возила учествуваа во гасењето на пожарот, а со помош на три хеликоптери се пренесуваат повредените.