Министертвото за образование ги укина студентски кредити

Од оваа академска година повеќе нема да се доделуваат студентски кредити, туку само стипендии. Ова го изјави денеска министерот за обарзование Никола Тодоров. Тој објасни дека студентските стипендии ќе бидат поделени во три категории кои ќе ги опфатат талентираните студенти и социјалните категории.
Ваквата одлука следува по информацијата што ја објави министертвото дека ниту еден од земените студентски кредити во последниве 15 години не е вратен.
Стипендиите за 200-те талентирани студенти ќе изнесуваат 4 илјади денари месечно, додека на илјада студенти од втората категорија ќе им бидат доделени ступендии во вреднсот од 50 евра, а 1600 студенти кои ќе спаѓаат во социјалната категорија ќе добиваат по 2500 денари месечно.