Тензии околу поделбата на власта во Ирак

Пред денешната седница на Ирачкиот Парламент, како што се јавува, постои стравување дека сунитските пратеници нема да ја подржат владата на Нури ал Малиќи и да го финализираат договорот за коалициона влада.
Во четвртокот Парламентот го напуштија околу 60 пратеници на Иракија на поранешниот премиер Ијад Алави обвинувајки го штотуку именуваниот премиер Малиќи дека не го почитува договорот за поделба на власта.