Денеска стартува забрана за пушење во Србија

Во Србија од денеска стартува примената на Законот за забрана на пушење цигари на јавни места.Пушењето во целост е забрането во државната и локална самоуправа, здравствените, просветни установи, спортски објекти и останатаите јавни места.Казните за непочитување на законот за фирми,ќе изнесуваат од 500 илјади до милион динари, додека граѓани кои ќе бидат фатени со циграна на место каде е забрането ќе треба да платат казна од 5 илјади динари.