Вооружен инцидент го одбележа стартот на предизборната кампања во Косово

Поранешниот косовски пратеник, Гани Геци влегол вооружен во студиото на приштинската кабелска телевизија Клан Косова, и им се заканувал на водителот на емисијата и учесниците во дебатата, јавуваат приштинските медиуми.
Во студиото биле Енвер Хоџај од Демократската партија на Косово, Теута Сахатчија од Демократскиот сојуз на Косово и Бурим Рамадани од Алијансата за иднина на Косово. Геци се жалел дека на дебатата требало да биде повикан и член од неговата парија.
По инцидентот во студиото пристигнале полицајци, но не се соопштени никакви детали за случувањата по прекинувањето на емисијата.