Досието „Ибар“ е фалсификат заклучи Комисијата за лустрација

Не постојат оригинални документи за досието „Ибар“ и фотокопиите не се релеванти , изјави денеска претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџиев. Тој вели дека Комисијата извршила проверка и споредување со други досија и за фотокопиите кои биле доставени нема постоечки оригинални документи, за да може по нив комисијата да постапува. Досието„Ибар“ е трето досие кое физичко лице го достави во Комијата и во јавноста предизвика бурни реакции бидејќи се претпоствува дека зад псевдонимот Ибар се крие името на претсдеателот на ДУИ Али Ахмети.