Фајтон: Косово не смее да остане црна точка во Западен Балкан

Известувачот за Европскиот Парламент за визната либерализација, Тања Фајтон , изјави дека Косово останува сериозен проблем и не смее да остане „ црна точка на мапата на Западен Балкан“. Овој коментар следува по објавувањето на одлуката на Европската Комисија за визна либерализација за БиХ и Албанија. Известувачот на Европскиот Парламент за Србија, Јелко Кацин, изјави дека работата на делегацијата за југоисточна Европа нема да биде завршена додека не им биде дозволено на сите граѓани од Западен Балкан слободно да патуваат во Шенген зоната.