Ирак по 8 месеци формира Влада, Малики премиер

Ирак по 8 месеци од парламентарните избори формира влада, јавува француската новинска агенција Франс прес. Потпаролот на владата, Али ал Дабагар за франс прес изјави дека е постигнат договор меѓу партиите, според кој Нури Ал Малики ќе биде премиер Џалал Талабани шеф на државата, а коалицијат Иракија ќе треба да избере претседател на собранието од своите редови.Во сунитскиот блок потврдија дека е склучен договор но велат дека дискусиите за клучните позиции се уште се во тек.