Новиот механизам за следење на визната либерализација на Западен Балкан ќе биде објавен утре заедно со одлуката за укинување на визниот режим за Босна и Херцеговина и Албанија, јавуваат новинските агенции. Со новиот механизам ќе се следат условите и стандардите по кои се спроведува визната либерализација во регионот, и ќе биде воведено така нареченото „рано предупредување “ за прекршувањата на правилата од тој режим. Новиот механизам ќе се однесува на земјите кои минатиот декември добија визно ослободување ,односно за Македонија, Србија и Црна Гора како и за двете земји кои сега ќе добијат визна либерализација.