Вељановски повторно очекува препорака за датум за преговори со ЕУ

Претседателот на Собранието Трaјко Вељановски очекува Македонија и оваа година да добие препорака за датум за преговори со Европската унија и претстојниот Извештај за напредокот на земјата од Европската Комисија да биде реален, се вели во соопштението на собраниската прес-служба. Во соопштението е наведено дека Вељановски кој е во посета на Канада, на средба со македонските иселеници разговаал со нив за спорот со името, олеснувањето на постапката за добивање на македонско државјанство, економската состојба и можноста за канадски инвестиции во Македонија. Вељановски се сретнал и со неговиот канадски колега Питер Миликен, со кој заедно констатиреле дека Македонија и Канада немаат отворени прашања и дека билатералната соработка е многу добра.