Пронајдени тела на 5 полицајци во Авганистан

Тела на петмина полицајци се пронајдени денеска во источниот дел на Авганистан , откако пред една неделе изчезнаа за време на борба со Талибанци. На 1 ноември изчезнаа 16 полицајци откако Талибанците по вооружена пресметка зазедоа дел од провинцијата Газни и запалија владини згради. До сега се пронајдени телата на 9 полицајци, уште 7 се водат како изчезнати.
Во провинцијата Хелманд денеска при експлозија на нагазна мини загинаа 5-те цивили, соопштуваат локалните власти.