Европска Комисија: Косово постигна политички напредок

Европската комисија предупредува дека се потребни одлучни напори од сите страни за да покрене дијалогот меѓу Приштина и Белград. Косово остварува политички напредок, но постои голема загриженост поради недоволното владење на правото, се вели во Европскиот извештај за напредокот на Косово и спроведувањето на европските реформи, јавува новинската агенција Бета. Најпроблематични се судството, владеењето на законите и правото, јавната администрација и борбата против корупција.