Ал Каеда одговорна за бомбашките пакети од Јемен

Јеменскиот огранок на Ал Каеда ја презеде одговорноста за бомбите откриени во минатата недела во пратки упатени до Соединетите држави. Овие пратки беа откриени во Англија и во Дубаи. Ал Каеда соопшти дека ќе ги продолжи нападите врз американски и западни цели.