Уште еден авион на Квантас принудно слета во Сингапур

Џамбо џет на Квантас денеска принудно слета во Сингапур. Тоа е вториот авион на оваа компанија кој принудно слета во рок од два дена, поради проблеми со моторот.
Флотата на Австралискиот авиопревозник е составена од авиони А380. Истрагата за причините за инцидентите е во тек.