Новинарите на Би Би Си во 48 часовен штрајк

Новинарите на Би Би Си стапија во 48 часовен штрајк поради што оваа медиумска куќа е присилена да скрати или повлече програми на радио и телевизијата кои се слушани и гледани од милини луѓе.
Денешниот е прв од двата штрајка на 4 илјади новинари на Би Би Си кои протестираат поради промените на нивните пензии.
Би Би Си соопшти дека мора да го редуцира пензискиот дефицит од 2,4 милијарди долари што новинарите го оценија како пензиски грабеж.