Сараево: Без признавање на злосторствата нема помирување

Без утврдување на фактите и нивно прифаќање од страна на сите народи во поранешна Југославија, нема да има вистинско помирување. Ова е пораката на претставниците на верските заедници и црквите на регионалните консултации за Иницијативата за РЕКОМ, што се одржаа вчера во Сараево.
Над 60 претставници на верските заедници и цркви од БиХ и регионот се согласија дека секој народ треба да ги прифати злосторствата кои што се извршени во нивно име за да се развие сочувството кон жртвите од овие простори.