Вршителот на должност претседател на Косово Јакуп Красниќи побара од ЕУ да испрати набљудувачи за предвремените парламентарни избори на 12 декември. ,,Набљудувањето на изборите ќе испрати силна порака до политичарите и граѓаните и ќе има големо влијание врз веродостојноста на изборите,, се наведува во писмото испратено до шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.