НАСА денеска ќе се обиде да го лансира шатлот Дискавери на мисија до Меѓународната вселенска станица. Станува збор за 39 то и последно патување на Дискавери. Сегашното лансирање веќе два пати е одложувано поради технички проблеми. По неговото враќање на Земјата шатлот ќе биде изложен како музејски експонат на летало кое повеќе од 25 години служело за патување во Вселената.