Адеми: Целта на фалсификуваните досиеја е политичка дестабилизација

Вицепремирот за рамковниот договор, Абдулаќим Адеми денеска изјави дека фалсификуваните досија што деновиве се појавија во јавноста имаат цел политички да ја дестабилизираат Македонија и да го дикредитираат лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Адеми најави дека ДУИ ќе поднесе тужби за нарачателите и за дистрибутерите на досијата.