Франција:Иран нема да ја обеси жената обвинета за неверство

Францускиот министер за надворешни работи, Бернард Кушнер изјави дека Иранката обвинета за неверство нема да биде егзекутирана денеска. Ова министерот го соопшти по телефонскиот разговор со иранскиот колега. Претходно Меѓународниот Комитет за човекови права со седиште во Германија соопшти дека Сакине Мохамади Аштиани нема да биде каменувана до смрт, денеска туку ќе биде обесена. Казната со каменување на Аштиани беше стопирана пред неколку месеци откако важни политички и религизни личности го нарекоа тој вид на казнување варварско и брутално. Во меѓувреме иранскиот потпарол на министертвото за надворешни работи, Рамин Мехманпараст ги обвини западните земји дека се обидуваат да извршат притисок врз Иран за овој случај.