Средба Јанукович - Груевски во Киев

Претседателот на Украина Виктор Јанукович се заложи за укинување на визите за патување меѓу Македонија и Украина и изрази задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји. По средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Киев, Јанукович најави дека ќе ја посети Македонија за време на неговата балканска турнеја во средината на идната година.