Грција - 48 часовна забрана за испраќање пошта во странство

Грција на 48 часа го забрани испраќањето пошта во странство, откако пакети бомби беа испратени во некои странски амбасади во Атина. Вчера мали бомби експлодираа во амбасадите на Швајцарија и на Русија, а полицијата изврши контролирани детонации на експлозиви испратени во дипломатските претставништва на Чиле и на Бугарија. Пакети бомби биле испратени и во канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин и до италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Две лица биле уапсени во Атина, осомничени дека се учесници во испраќањето пакети бомби, а се смета дека зад ова стојат грчките анархистички екстремисти.