Премиерот Груевски во посета на Украина

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Киев ќе се сретне со својот украински колега Никола Азаров, а ќе биде примен и од претседателот на Украина Виктор Јанукович. Предвидено е Груевски да положи венец на Споменикот на незнајниот јунак. Утре тој ќе има средба со претседателот на украинската Врховна рада Володимир Литвин, а ќе се обрати и на Македонско-украинскиот бизнис форум, што го организира Стопанската комора на Украина. За време на посетата на премиерот Груевски на Киев, предвидено е и потпишување на договори за соработка меѓу министерствата за правда, за економија, за култура и за животна средина на Македонија и на Украина.