МНР препорачува да се одбегнуваат критичните места во Атина

Македонското министертво за надворешни работи им препорачува на граѓаните доколку патуваат во Грција да ги одбегнуваат критичните места, по денешните серија бомбашки напади во Атина. Во соопштението е наведено дека се препорачува граѓаните да ги избегнуваат местата и локациите во големите градови каде што се можни протести, собири , демонстрации и друг вид насилни акти. За сега нема проблеми околу безбедноста и функционирањето на македонската амбасада во Атина.