Стартува авиосообраќајната забраната во Германија за Јемен

Германија е првата земја која забрани авиони од Јемен да слетуваат на нејзините аеродроми, по пронајдените пакети со експлозив во карго авион. Германскиот министер за транспорт соопшти дека сите компании од Јемен кои имаат летови до Германија се информирани за забраната. Ал Каеда е осомничена дека го испратила експлозивот по авионска пошта.