Најмалку 22 лица се ранети во Истамбул

Турските власти соопштија дека 22 лица се ранети од кои 10 полицајци при денешниот самоубиствен напад на плоштадот Таксим во Истамбул. За сега се уште никој не презел одговорност за нападот. Според турските медиуми пронајдени се делови од бомба покрај телото на бомбашот самоубиец за кој се уште не е утрвдено дали се тоа делови од активираната експлозивана направа или од втора бомба.