САД нудат посредништво за територијален спор меѓу Јапонија и Кина

САД се понудија да посредуваат за решавање на територијалниот спор за острови во Источното Кинеско Море меѓу Јапонија и Кина. Двете земји тврдат дека групата острови Диаоју, на кинески, односно Сенкаку на јапонски, се нивни.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон ги повика Токио и Пекинг да ги одржат „мирољубивите односи“.
Таа присуствува на самитот на Асоцијацијата на држави од југоисточна Азија(АСЕАН), во Ханој.