Мерки за заштита на еко-системите на Земјата

Делегатите од 193 земји, на самитот на Обединетите Нации во Нагоја, Јапонија, постигнаа договор за мерки за заштита на еко-системите во наредните 10 години. Земјите се обврзаа на ефикасни и итни мерки за запирање на штетите врз шумите, коралите, и другите загрозени еко-системи. Договорено е да се стават под заштита 17 отсто од површината на земјата и 10 отсто од океаните. Досега беа заштитени само 13 отсто од површината на земјата и 1 отсто од океаните.