Завршува состанокот на ОН за биодиверзитетот

Денеска во јапонскиот град Нагоја завршуваат разговорите на Обединетите нации за постигнување глобален договор за заштита на светските екосистеми. Станува збор за план од 20 клучни цели кои треба да бидат постигнати во наредната декада за запирање на уништувањето на природата, причинето од човекот.