ЕБРД - Економијата во Источна Европа подобра од очекуваното

Европската банка за обнова и развој(ЕБРД) денеска ги корегираше прогнозите за економски раст во Источна Европа, зашто смета дека економијата во овој дел од светот се опоравува побрзо од очекуваното.
Банката со седиште во Лондон соопшти дека проценува оти вкупниот економски раст во регионот ќе изнесува 4,2 отсто во 2010 и 4,1 отсто во 2011 година.
Претходно, банката очекуваше раст од 3,5, односно 3,9 отсто.
Сепак, банката предупредува дека растот нема да биде рамномерен и дека некои земји ќе останат во рецесија и во 2010 година.
Источна Европа претрпе пад на економијата од 5,5 отсто во 2009 година.