Избегале од притвор во Тетово додека немало струја

Четворица притвореници синоќа избегале од притворското одделение на казнено-поправниот дом во Тетово. Тие го искористиле синоќешниот прекин во снабдувањето со електрична енергија и околу 21 часот избегале од притвор.
Притворениците се на возраст од 18 до 22 години.
Полицијата успеала да приведе еден од избеганите, додека другите тројца се во бегство. Во притворското одделение бил уште еден притвореник кој не се ни обидел да избега.