Државна болница се сели во Бардовци

Универзитетскиот клинички центар во Скопје треба да се премести во близина на селото Бардовци. Министерот за здравство Бујар Османи денеска ја презентираше физибилити-студијата за дислокација. Локацијата на новиот клинички центар која е избрана од физибилити-студијата е голема 93 хектари, а од центарот на градот е одалечена пет километри.
Директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Огнен Апостолски соопшти дека се предвидени и железнички и автобуски терминал и заради обиколницата ќе се овозможи поврзување со сите центри во Македонија.
Во фаза сме на нацрт-план, рече тој.