Србија тргна кон ЕУ, соработката со Хаг е услов за напредок

Србија го направи првиот чекор на патот кон ЕУ. Советот на министри на ЕУ побара од Европската комисија да изработи мислење за подготвеноста на Србија да добие кандидатски статус за членство во Унијата. Секој нареден чекор на Белград кон ЕУ ќе треба да биде едногласно прифатен од Советот на министри и ќе зависи од соработката на Србија со Хашкиот суд.