Сите очекуваат одговор на „исклучително сериозните“ наводи за злоупотреби за време на војната во Ирак, содржани во документите што ги објави интернет-страницата Викиликс, изјави потпретседателот на британската влада Ник Клег.
Тој рече дека „целиот свет ги смета овие обвинувања како шокантни“.
Клег е познат по своето противење на ангажманот на Лондон во Ирак.
Претходно и Хјуман Рајтс Воч го повика Ирак да ги испита наводите дека ирачката полиција мачела притвореници.
Интернет-страницата Викиликс објави околу 400 илјади тајни документи на американската армија за војната во Ирак.