Нобеловецот Писаридес против големото буџетско кратење во Британија

Добитникот на Нобеловата награда за економија за 2010 година, Кристофер Писаридес ја предупредува Велика Британија дека со големото намалување на трошоците го ризикува економското заздравување.
Тој вели дека британскиот министер за финансии Џорџ Озборн го преувеличил ризикот од должничка криза во „грчки стил“, пред да ги воведе најголемите буџетски кратења во последните неколку децении.
Писаридес смета дека планот за намалување на дефицитот треба да биде постепен и да тече паралелно со закрепнувањето на економијата.