„Орден на Република Македонија“ посмртно за Ченто

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска посмртно ќе го одликува Методија Андонов Ченто со ,,Орден на Република Македонија’’. Орденот се доделува за исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава, како македонски деец, борец, државник и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, се вели во соопштението од Кабинетот на Претседателот..