Пердју - Проблемот со името несериозно сфатен

Џејмс Пердју, поранешен заменик на генералниот секретар на НАТО и еден од посредниците во разговорите за Охридскиот договор

Според Џејмс Пердју, Вашингтон и Брисел не го сфатиле доволно сериозно спорот за името. Неопходна е меѓународна помош за решение на спорот, вели тој.
Македонија мора да го реши спорот со Грција за името, ако сака да влезе во НАТО, но овој проблем Брисел и Вашингтон не го сфатија доволно сериозно, вели поранешниот заменик на генералниот секретар за операции на НАТО и еден од посредниците во разговорите за Охридскиот рамковен договор во 2001-та, Џејмс Пердју. Тој вели дека не гледа напредок во последниве 2 и пол години, во процесот на
Мислам дека првата работа што треба да биде направена е да се признае дека ова е сериозно прашање и да се донесе на дневен ред во институциите во ЕУ и во Вашингтон и да се разговара за тоа како меѓународната заедница би требала да
помогне.
решавањето на овој спор. Пердју смета дека засега ова прашање и нанесува штета на Македонија со тоа што не е во НАТО, а на долг рок ова прашање може да и наштети и на Грција:

„Мислам дека првата работа што треба да биде направена е да се признае дека ова е сериозно прашање и да се донесе на дневен ред во институциите во ЕУ и во Вашингтон и да се разговара за тоа како меѓународната заедница би требала да помогне. Меѓународната заедница нема да може да помогне ако Грција и Македонија не го сакаат тоа.“

Тој вели дека Метју Нимиц кој посредува во разговорите за решавање на овој проблем веќе подолго време му е потребна меѓународна поткрепа за неговиот ангажман.

„Го имате господинот Нимиц кој работи на ова прашање долго време. Тој можеби има поволни решенија. Но дали ја има меѓународната поткрепа навистина да оди во Скопје и Атина и да направи некој вид на финален преговарачки процес? Не мислам дека ја има. Јас верувам дека ќе треба меѓународна енергија во некоја форма, било во рамки на напорите на Нимиц или преку други механизми да се третира ова прашање како итно.“

Кога ќе се реши спорот со името Македонија по автоматизам ќе влезе во НАТО, порача Пердју.

Во однос на Рамковниот договор, Пердју вели дека Македонија во однос на она што се случуваше во регионот е успешна приказна затоа што со Охридскиот договор успеала да избегне војна. Можеби договорот не е совршен, но сепак на земјата и донесе напредок.