Премиерот Никола Груевски смета дека курсот на денарот треба и во иднина да остане како и досега главно фиксен бидејќи тоа дава добри резултати и е основно сидро на економската политика.
„Мислам дека не е време за промена на режимот на денарот. Ги анализираме мислењата на експертите за промена на курсот на денарот и целосно не ги отфрламе, но цениме дека во овој момент нема потреба од промена на курсот на денарот“, изјави премиерот Груевски.