Кинескиот Претседател Ху Џинтао ќе ги посети САД

Американскиот Јавен Обвинител Ерик Холдер изјави дека кинескиот Претседател Ху Џинтао ке ги посети САД во Јануари идната година. Холдер кој е во посета на Кина не даде детали за посетата. Тој со кинески преставници разговараше за случајот на затворениот дисидент Лиу Ксиобао кој е добитник на годинашната Нобелова награда за мир. Повиците за негово ослободување за Пекинг се мешање во внатрешните работи на Кина.