Кинеската економија продолжува да расте, но со малку побавна стапка, покажуваат најновите податоци. Втората по големина економија во светот порасна за 9,6 отсто во последниот квартал, но тоа е помалку за разлика од 10,3 отсто кои беа забележани во претходниот квартал, но и покрај тоа, кинеската економија бележи највисок раст во светот. Од кинеската влада велат дека податоците ги отсликуваат напорите на владата да има умерен раст. Аналитичарите велат дека застојот е на штета на Соединетите Држави, Европа и на другите економии кои бараат Кина да одржува стабилен раст.