Ставрески - Одлука за заемот од ММФ за две недели

Македонија во следните две недели ќе одлучи дали ќе потпише договор со Меѓународниот монетарен фонд за понудениот кредит од 400 милиони евра, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој рече дека пред да ја донесе одлуката, владата ќе се консултира со бизнис заедницата и експертите.
Ставрески посочи дека заемот би ги покрил сите буџетски потреби, вклучувајќи ги инфраструктурните проекти и отплаќањата на долгот.