Поништена една четвртина од гласовите на авганистанските избори

Комисијата за изборни жалби во Авганистан соопшти дека поништила 1,3 милиони гласови на минатомесечните избори, поради нерегуларности. Тоа е речиси една четвртина од гласовите.
На изборите на 18 септември излегоа 5,6 милиони луѓе. Комисијата соопшти дека ќе поминат недели до соопштувањето на конечните резултати од изборите.