Главниот хашки обвинител во Хрватска

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска ќе допатува во Загреб, каде што ќе се сретне со претставници на хрватските власти и на правосудството. Министерот за правда Дражен Бошњаковиќ изјави дека Брамерц доаѓа во редовна посета пред шестмесечниот извештај до Советот за безбедност на ОН за соработката на државите од регионот со Трибуналот. За денеска е најавена средба со хрватската премиерка Јадранка Косор, а утре Брамерц ќе разговара со претставници на правосудството.